Правила и услови

Дома Правила и услови

ОПШТИ УСЛОВИ И ПРАВИЛА НА КОРИСТЕЊЕ НА ВОЗИЛАТА НА ДТУ ГО КАР РЕНТАЛ ДОО Струмица  

 

1. ДЕФИНИЦИИ (ОБЈАСНУВАЊЕ НА ПОИМИТЕ):

„Закуподавач/Изнајмувач“ – правно лице што поседува возила и ги дава под наем на корисници на возила за одреден период и под договорени услови;

„Закупец/Корисник“-физичко или правно лице  што изнајмува возило од Закуподавач/Изнајмувач, со обврска да ја плати договорената закупнина и сите трошоци настанати со изнајмувањето;

„ДТУ ГО КАР РЕНТАЛ ДОО Струмица“- Сопственик на возилото кое е предмет на договорот за изнајмување на моторно возило;

„Возач“: Лице кое физички управува со предметното возило.

2. ОПШТИ ОДРЕДБИ:

Изнајмувачот му го дава на Корисникот на времено користење патничкото моторно возило во негова сопственост, во исправна техничка состојба, регистрирано согласно законските прописи, со сите придружни документи неопходни за управување.

Возилото е неотуѓива сопственост на ДТУ ГО КАР РЕНТАЛ ДОО Струмица. Корисникот нема други права, освен оние кои му ги дава Договорот за изнајмување на моторно возило.

Изнајмувачот на моторното возило мора да има најмалку 21 година, да има важечка лична исправа и возачка дозвола, со возачко искуство од минимум 2 (две) години.

Доколку моторното возило биде управувано и од друго лице истото е потребно да се додаде во договорот како дополнителен возач.

Корисникот е должен однапред да го извести Закуподавач за државите во кои планира да патува и истите да бидат регулирани во Договорт за изнајмување на моторно возило.

Изнајмувачот е должен да ги почитува сите сообраќајни прописи и законски регулативи на наведените држави. Во случај на какви било гранични, сообраќајни или административни проблеми што ќе произлезат од управување со возилото надвор од Република Северна Македонија, одговорноста ја сноси исклучиво изнајмувачот.

Сите возачи мора да поседуваат важечка возачка дозвола и да имаат најмалку 21 година и 2 години возачко искуство.

 

Корисникот се согласува дека возилото може да го управуваат исклучиво лицата наведени како дополнителни возачи во  Договорот за изнајмување на моторно возило, под услов претходно да бидат одобрени од Изнајмувачот и внесени со валидни податоци и важечка возачка дозвола. Корисникот изречно изјавува дека прифаќа целосна одговорност за сите дејствија и пропусти на дополнителните возачи како да се негови сопствени.

 

Сите сообраќајни прекршоци, казни, штети, парични глоби, административни такси, паушали, судски постапки, адвокатски трошоци или какви било други финансиски обврски што ќе произлезат како резултат на управување со возилото од страна на дополнителните возачи, во целост паѓаат на товар на Корисникот, кој се обврзува истите да ги подмири веднаш по известување од Изнајмувачот или надлежен орган.

Во случај на штета, несреќа или кражба на возилото предизвикана од дополнителен возач, Корисникот останува целосно одговорен за настанатата штета и за сите директни и индиректни последици што ќе произлезат од настанот.

3. НАДОМЕСТОК И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:

Корисникот е должен однапред да му изврши уплата на Изнајмувачот, во износ што одговара на вкупниот број денови за кои се изнајмува возилото, преку електронско плаќање со платежна картичка.

По завршување на времетраењето за кое се изнајмило моторното возило, се прави пресметка на Договорот за изнајмување на истото, врз основа на ценовникот, со важност при склучување на договорот, со придржување на податоците кои се во договорот, дополнителните трошоци и можните посебни услови. Корисникот е должен да ја подмири сметката при враќањето на моторното возило по приложената сметка.

4. ДЕПОЗИТ:

Корисникот е должен на денот на потпишување на овој договор да уплати депозит во износ од 400 евра или во денарска противвредност износ од 24.640 денари доколку се изнајми моторно возило SKODA OCTAVIA  и 300 евра или во денарска противвредност износ од 18.480 денари доколку се изнајми моторно возило SKODA KAMIQ,  кој ќе служи како обезбедување за евентуални штети или сообраќајни прекршоци и казни.

Депозитот ќе биде вратен во целост на Корисникот во рок од 7 дена сметано од денот на истекување на времетраењето за кој е склучен договорот за изнајмување на моторно возило и доколку нема настанати штети или други финансиски обврски.

Доколку при враќањето на моторното возило се утврди дека има материјална штета или за време на користењето се направени сообраќајни прекршоци кои не се платени, Изнајмувачот има право да го задржи износот на депозитот до целосна проценка и покривање на трошоците.

5. ПРЕВЗЕМАЊЕ И ВРАЌАЊЕ НА МОТОРНО ВОЗИЛОТО:

Корисникот е должен изнајменото моторно возило да го превземе од однапред дефинирана локација и да го врати на истата локација најдоцна до 10:00 часот, освен ако поинаку не се договори со Изнајмувачот на денот на потпишување на договор за изнајмување на моторно возило.

Доколку корисникот не го врати изнајменото моторно возило во договорениот час тогаш Изнајмувачот има право да наплати такса во износ од 100 евра или во денарска противвредност во износ од 6.160 денари од депозитот.

6. ОБВРСКИ НА КОРИСНИКОТ:

Корисникот се обврзува:

  • Да го користи моторното возило само за лични и законски дозволени цели.
  • Да го врати моторното возило во истата состојба во која го примил, со полн резервоар на гориво и исчистено.
  • Да ги плати сите казни, трошоци и патарини и/или винетки поврзани со користењето на моторното возило за време на изнајмувањето без разлика дали казната, трошокот и патарините и/или винетките се сторени во Република Македонија или во било која друга држава.

Изнајменото моторно возило не смее да се употребува:

  • За платен превоз на патници и стока;
  • Ако лицето кое го склучило договорот вклучително и дополнителнителниот возач регулиран во договорот, дало лажни податоци;
  • За кои било натпреварувања, брзинска проба или трки;
  • Под влијание на алкохол, средства за смирување, наркотици, средства за спиење и други лекови;
  • Кога моторното возило не е во возна состојба или е преоптоварено со прекубројни патници или багаж, измината регистрација, или од која било причина моторното возило не е технички исправно;
  • Надвор од категоризираните сообраќајници;
  • Надвор од одредените услови, забрани или препораки, кои се однесуваат на употребата на моторното возило во одредени држави или региони, корисникот ги усогласува со условите пропишани на договорот. ДТУ ГО КАР РЕНТАЛ ДОО Струмица не сносува одговорност за каква било загуба или оштетување, кое било предизвикано со непочитување на горенаведените забрани;
  •  Пушењето во моторното возило е строго забрането.


7. ОБВРСКИ НА ИЗНАЈМУВАЧОТ:


Изнајмувачот се обврзува:

  • Да му предаде на Корисникот исправно и регистрирано моторно возило.
  • Да го врати депозитот во договорениот рок, доколку нема основ за негово задржување.

8. ШТЕТИ, КАЗНИ И ОДГОВОРНОСТ:

Корисникот е одговорен за сите штети, делови и дополнителна опрема на моторното возило сторени за времетраењето на договорот за изнајмување на моторно возило.

Корисникот е одговорен за штета која би настанала на моторното возило, деловите и дополнителната опрема од несоодветна употреба.

Корисникот одговара за штета која би настанала поради замена на делови или опрема, кога истата замена не е потребна, односно била направена така што нов или добар дел е заменет со стар или послаб. Корисникот се обврзува секоја констатирана штета, надвор од одредените услови, да ја подмири веднаш по поднесувањето на дополнителната сметка доставена од ДТУ ГО КАР РЕНТАЛ ДОО Струмица.

Доколку по враќањето на моторното возило се утврди штета или неплатена казна, Изнајмувачот има право да го задржи депозитот и да го искористи за покривање на трошоците.

Ако штетите и казните го надминуваат износот на депозитот, Корисникот е должен да ја надомести разликата за што Изнајмувачот ќе му издаде дополнителна фактура.
Доколку се утврди штета на моторното возило и истото е задржано во овластен сервис, Корисникот е должен и согласен трошоците за чување на моторното возило во
просториите на овластениот сервис за секој ден да бидат на товар  50% на Корисникот 50% на Изнајмувачот за што на Корисникот ќе му се издаде дополнителна фактура.


9. ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РОКОТ НА ИЗНАЈМУВАЊЕ:

Доколку корисникот сака да го продолжи рокот за изнајмување на моторното возило, истиот е должен писмено да го извести Изнајмувачот што го издава моторното возило пред истекот на договорениот период за изнајмување на моторното возило и единствено доколку за предметното возило не е направена резервација за трето лице и е слободно за користење.

Во случај на неисполнување на овој услов и моторното возило не се врати во договорениот рок, се смета дека корисникот противправно го присвоил моторното возило и ДПТУ ГО КАР РЕНТАЛ ДОО Струмица е должен да го пријави настанот во надлежната институција.

Во случај кога корисникот го врати изнајменото моторно возило по истекот на договореното времетраење, а во тек на изнајмениот период дошло до промена на цените, се пресметуваат новите цени од денот кој бил предвиден возилото да се врати.


10. ГОРИВО:

Горивото не е вклучено во цената изнајмување. Моторното возило се издава со полн резервоар и истото мора да биде вратено со полн резервоар.


11. ДЕФЕКТИ:

Поправка или замена на делови на возилото може да се вршат само во овластени сервиси, а со претходно писмено одобрение од страна на ДТУ ГО КАР РЕНТАЛ ДОО Струмица која го дала возилото на изнајмување. Трошоците на корисникот му се враќаат по приложување на сметката. Во случај на замена на делови, корисникот е должен да ги приложи и заменетите делови. Во случај поправката да е направена во странство, наемникот е должен, и покрај претходната дозвола Изнајмувачот за поправка, при премин на државната граница да ја завери сметката за извршената поправка и да го пријави заменетиот дел.

На корисникот по договор и по претходното одобрување му се признаваат трошоците во висина на приложената сметка во денари/евра, пресметано по средниот курс на Народна банка на Република Северна Македонија на денот на пресметувањето. За поправка во странство без претходна согласност на  ДПТУ ГО КАР РЕНТАЛ ДОО Струмица,  по враќањето на возилото, на корисникот му се признаваат трошоци по приложената сметка, во висина која ќе ја оцени комисијата на ДПТУ ГО КАР РЕНТАЛ ДОО Струмица, а во противвредност на денари по средниот курс на Народна Банка на Република Северна Македонија на денот на пресметувањето. Ако програмата била извршена надвор од овластен сервис без претходна најава и без приложена сметка, трошоците не се признаваат. Ако при враќањето на возилото се констатира дека кој било дел од возилото, опремата или дополнителната опрема е изгубен, корисникот е должен да ја плати штетата во висина на пазарната цена на изгубениот дел или опремата која важи на денот на враќање на возилото.

Изнајмувачот нема обврска да ги надомести трошоците за поправка или замена на делови доколку истите се резултат на несоодветно ракување, невнимателно управување, сообраќајна незгода по вина на Корисникот или друга штета што не произлегува од нормално трошење и дотраеност на возилото.


12. ДОКУМЕНТИ И КЛУЧ:

Сите возила се опремени со потребните документи, вклучувајќи ги и документите за премини преку државната граница, за кои Корисникот одговара. Во случај на губење на документите и/или клучот, Корисникот е должен да ги подмири трошоците за истите во висина од 500 евра или 30.800 денари во денарска противвредност.


13. ОСИГУРУВАЊЕ НА ВОЗИЛАТА:

Сите возила сопственост на ДТУ ГО КАР РЕНТАЛ ДОО Струмица се осигурени против одговорност за штета на трети лица. Осигурителната компанија ја покрива штетата која ја направиле возилата, до висина со закон одредениот осигурителен износ на денот на случување на штетата. Сите возила кои се сопственост на ДТУ ГО КАР РЕНТАЛ ДОО Струмица се каско осигурени со франшиза. Корисникот ја покрива штетата до висина на одбиената франшиза. Осигурувањето во никој случај не ги покрива штетите настанати на коритото за масло (картер) и гумите, кои што ги сноси корисникот сам.


14. ОСИГУРУВАЊЕ ОД КРАЖБА:

Во случај на кражба на алатите, приборот и опремата на возилото корисникот е должен штетата да ја плати сам. 3а секоја кражба мора да биде известена најблиската полициска станица и одговорното лице од страна на на ДТУ ГО КАР РЕНТАЛ ДОО Струмица.


15. НЕЗГОДИ:

За секоја несреќа мора веднаш да се извести најблиската полициска станица и овластеното лице на  ДТУ ГО КАР РЕНТАЛ ДОО Струмица. Потребно е да се пополни посебен формулар – изјава за незгодата, кој е приложен во документите од возилото, со сите податоци за незгодата и истиот веднаш да се достави до Изнајмувачот.

Корисникот се обврзува дека ќе соработува со ДТУ ГО КАР РЕНТАЛ ДОО Струмица во истрагата и постапката, односно несреќата. Доколку корисникот не ги исполни условите од овој член, должен е трошоците предизвикани со несреќата да се на негов товар.


16. КОНТРОЛА И ОДЗЕМАЊЕ НА ВОЗИЛОТО:

Сите вработени во ГО КАР РЕНТАЛ ДОО Струмица имаат право во секое време да го контролираат возилото. Во случај при контролата да утврдат дека корисникот ги крши одредбите од договорот, сите вработени во ГО КАР РЕНТАЛ се овластени да го одземат возилото.


17. СООБРАЌАЈНИ ПРЕКРШОЦИ:

Во случај на сообраќаен прекршок за време на изнајмувањето на моторното возило одговара исклучиво Корисникот.

Корисникот  одговара за висината на штетата која ја предизвикал со возилото за времетраењето договорот за изнајмување на моторно возило  ако  осигурувањето од кои било причини не ја покрива штетата.


18. ОТКАЖУВАЊЕ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

Доколку корисникот ја откаже резервацијата за изнајмување на моторното возило пред закажаниот термин тогаш Изнајмувачот го задржува уплатениот износ како надомест на штета.


19. РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОР:

Овој договор може да биде раскинат со писмена согласност од двете договорни страни и доколку корисникот не ги исполнува обврските од договорот.


20. РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИ:

Сите недоразбирања кои ќе се појават во врска со реализација на одредбите од овој Договор странките ќе ги решаваат спогодбено, во спротивно надлежен за решавање на спорните ситуации ќе биде Основниот суд во Струмица.


21. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ:

Сите измени и дополнувања ќе се вршат со склучување на Анекс кон овој Договор потпишан од двете договорни страни.



ДТУ ГО КАР РЕНТАЛ ДОО Струмица:

____________________

/преку зак.застапник Никола Кондев/

mk_MKMacedonian