ОПШТИ УСЛОВИ И ПРАВИЛА НА КОРИСТЕЊЕ НА ВОЗИЛАТА НА ДТУ ГО КАР РЕНТАЛ ДОО Струмица
Возачот и сите дополнителни возачи мора да имаат најмалку 21 година, важечка лична карта и возачка дозвола, како и најмалку 2 години возачко искуство. Со возилото смеат да управуваат само лицата наведени во договорот. Корисникот е целосно одговорен за постапките на сите дополнителни возачи. Доколку возилото го управува лице кое не е наведено во договорот, Возачот сноси целосна одговорност за сите штети и последици без оглед на избраниот тип на осигурување. Возачот може да управува со возилото надвор од границите на Република Северна Македонија само со претходна согласност од ГО КАР РЕНТАЛ и во државите наведени однапред во договорот.
При потпишување на договорот, корисникот е должен да ја плати цената за изнајмување и сите дополнителни услуги. При стандардно каско осигурување, Возачот е должен да остави повратен депозит согласно важечкиот ценовник. Во случај на избрано целосно покритие, не се бара депозит. Депозитот се враќа по завршување на изнајмувањето, доколку не постојат неплатени обврски или оштетувања.
Возилото се презема и враќа на договореното место и време. Дозволено е доцнење до 1 час. За поголемо доцнење може да биде наплатен надомест согласно ценовникот. Доколку корисникот сака продолжување на договорот, должен е навремено да го извести изнајмувачот. Продолжување е можно само со претходно одобрување. Ненавремено враќање на возилото се смета за незаконско задржување и може да бидат преземени соодветни законски мерки.
ОБВРСКИ НА КОРИСНИКОТ
Корисникот е должен:
- Да го користи возилото совесно и согласно законските прописи.
- Да го врати во истата состојба, чисто и со исто количество гориво.
- Да ги плати сите патарини, казни, прекршоци и други трошоци настанати за време на изнајмувањето.
Забрането е користење на возилото:
- Под дејство на алкохол, дроги, седативи или други психоактивни супстанци.
- За натпревари, трки или тестирања.
- За превоз на патници или стока за надомест.
- Надвор од дозволените држави или по непристапни патишта.
- Од лица кои не се наведени во договорот.
Корисникот одговара за сите оштетувања, губење на делови, документи, клучеви или опрема, како и за штети кои не се покриени со осигурувањето. Секоја кражба или оштетување мора веднаш да се пријави во полиција и кај ГО КАР РЕНТАЛ. Во случај на сообраќајна незгода, Возачот е должен да повика полиција и да обезбеди полициски записник. Доколку корисникот не постапи согласно овие обврски, сите трошоци паѓаат на негов товар. Поправки и замена на делови смеат да се вршат само со претходна согласност и во овластен сервис. Возачот е должен веднаш да ја извести ГО КАР РЕНТАЛ за секој дефект или предупредувачко светло на возилото. Забрането е секакво неовластено интервенирање во механичкиот и електронскиот систем на возилото.
Сите возила поседуваат задолжително осигурување и каско осигурување. Сите возила поседуваат задолжително осигурување и каско осигурување. Во случај на штета, Возачот одговара до износот на франшизата. Возачот може да избере целосно покритие, при што не сноси одговорност за штета, под услов да ги почитува условите од договорот за изнајмување. Целосното покритие не важи во случаи на возење под дејство на алкохол, дрога, неовластен возач, намерна или крајно несовесна употреба и непријавена незгода. Оштетувања на гуми, масло-картер и штети настанати поради неправилна употреба на возилото не се покриени со осигурувањето.
Корисникот е целосно одговорен за сите сообраќајни прекршоци, казни, административни трошоци и други финансиски обврски настанати за време на користењето на возилото. Доколку штетите ги надминуваат средствата од депозитот, корисникот е должен да ја надомести разликата.
Пушењето во возилото е строго забрането. Во случај на прекршување, ГО КАР РЕНТАЛ има право да наплати трошоци за хемиско чистење и санација на евентуални оштетувања.
Во случај на враќање на возилото надвор од работното време, Возачот во договор со ГО КАР РЕНТАЛ може да го остави клучот на договорено место за клучеви. Возачот останува одговорен за возилото сè до моментот на неговиот преглед од страна на ГО КАР РЕНТАЛ.
Во случај на губење на клучот, документите, паркинг картичката или дополнителната опрема, Возачот е должен да ги надомести трошоците за нивна замена.
Сите возила може да бидат опремени со уреди за следење и лоцирање заради заштита на возилото и исполнување на договорните обврски.
Со потпишување на договорот за изнајмување, Возачот се согласува ГО КАР РЕНТАЛ да врши обработка на неговите лични податоци, вклучувајќи копирање на личните документи, исклучиво за потребите на склучување и извршување на договорот за изнајмување, како и за исполнување на законските обврски. Возачот се согласува неговите лични податоци, доколку тоа е потребно, да бидат доставени до надлежни институции и органи согласно закон. Личните податоци се чуваат согласно законските рокови и по нивното истекување се бришат или уништуваат согласно важечките прописи.
Договорот може да биде раскинат со согласност на двете страни или поради непочитување на договорните обврски. Вработените на ГО КАР РЕНТАЛ имаат право да го проверат и, доколку е потребно, да го преземат возилото во случај на прекршување на условите.
Сите поплаки треба веднаш да се пријават до ГО КАР РЕНТАЛ. Страните ќе се обидат споровите да ги решат спогодбено. Доколку тоа не е возможно, надлежен е Основниот суд во Струмица.